Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја повика Северна Кореја да го откаже планираното лансирање сателит, нагласувајќи дека Токио подготвува систем за противракетна одбрана.
– Лансирањето би било крајно жалосно, изјави Кишида.
Јапонските медиуми објавија дека Северна Кореја најави лансирање на сателит во орбитата меѓу 24 и 31 август. Северна Кореја веќе се обиде да лансира воен извидувачки сателит во мај, но не успеа поради дефект на ракетата која падна во Жолто Море.