Каевски: СДСМ ќе стори сè за државата да стане членка на ЕУ, ДПМНЕ одработува за туѓи интереси

Почетокот на процесот во македонското Собрание за уставни измени покажа дека на политичката сцена се два блока. Едниот предводен од СДСМ којшто е проевропски и другиот антиевропски.
ДПМНЕ е антиевропска партија а Христијан Мицкоски антиевропски политичар, исто како што беа против членството во НАТО, работат против членството во ЕУ, порача на денешната прес-конференција Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ и додаде:

-Наивно е да се верува дека причина за тоа е нечиј партиски или личен рејтинг. Станува збор за јасно изразена антиевропска, антизападна политика и политичка агенда.
Овие антиевропски политики на ДПМНЕ се на линија со туѓи интереси кои не и мислат добро на земјата и тоа е впрочем и континуитет на политиките на Груевски од минатото кои не и донесоа добро на државата и ја заглавија цели 11 години во изолација.
Имаме единствена можност, отворена врата за европскиот пат и оваа шанса ние сметаме дека е исклучително важно сега да ја искористиме.
Во спротивно ќе ги видиме Албанија и Црна Гора како напредуваат кон ЕУ, како и целиот регион а ние ќе сме оставени со Босна и Косово, кои имаат нерешени прашања, што не е добро.
За потсетување во 2006 година бевме во пакет заедно со Хрватска, денес таа држава не само што  полноправна членка на ЕУ, тук е и дел од еврозоната и од Шенген.
Ние, 11 години бевме надвор од европскиот пат и загубивме генерации млади граѓани, кои денес се жители на ЕУ, но во туѓи држави, па прашање е уште колку генерации ќе загубиме за 11 години ако сега не ја завршиме задачата?
Отворањето на уставните измени го поддржа и Европската Комисија, чија претседателка, Урсула Фон Дер Лајен упати јасна, силна порака дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ!
СДСМ нема да се откаже од европската агенда. Заедно со граѓаните, со европскиот блок, ќе сториме сè за државата да стане членка на ЕУ.
Тоа со себе ќе донесе забрзан раст на економијата, дури за 11 пати поголема финансиска поддршка од ЕУ и нови можности за граѓаните, за домашното стопанство.
Како што обезбедивме членство во НАТО, како што обезбедивме почеток на преговори со ЕУ, така ќе обезбедиме и членство во ЕУ, со заштитен и потврден македонски идентитет и покрај блокадите од ДПМНЕ и Левица.

Треба да знаете
Последни објави