Со брз воз од Белград до Будимпешта или Скопје за само 3 часа

По март 2022 година кога Србија доби брз воз и реконструирана пруга до Нови Сад, во земјата многу се работи на нови проекти и брзи железници. Граѓаните на Србија за неколку години ќе можат многу побрзо да стигнат до Унгарија и Скопје. Од Белград ќе им бидат потребни околу 3 часа да стигнат до овие рути. Роковите се јасно дефинирани, се работи интензивно, а многу работи се веќе прецизно дефинирани, пренесуваат српските медиуми.

Во февруари годинава беше потпишана првата транша од инвестицискиот грант за изградба на брзата пруга Белград – Ниш од 598 милиони евра како дел од финансискиот пакет за железничкиот коридор 10.

По завршувањето на овој проект, Ниш од Белград ќе биде оддалечен од час и половина до час и 40 минути, што е голема разлика со оглед на тоа што сега се патува 6 часа.

Брзата пруга Белград – Ниш ќе биде долга 230 километри, а работите се очекува да завршат во 2029 година.

Треба да знаете
Последни објави