Германската амбасадорка Дрекслер во посета на Кавадарци

Амбасадорката на Сојузна Република Германија  Петра Дрекслер денеска е во работна посета на Кавадарци. Таа имаше средба со градоначалникот Митко Јанчев. Во изјава за медиумите, рекоа дека разговарале на повеќе теми. 

– Соработуваме во областа на стопанството. Во иднина ќе соработуваме и за други теми, за климатските промени, што се вистински предизвик во ова време. Се надевам и на понатамошна соработка во една европска рамка, нагласи амбасадорката. 

Јанчев потсети дека Кавадарци има многу допирни точки со Сојузна Република Германија, неколку компании имаат директна германска инвестиција, има грантови, се реализираат проекти во инфраструктурата.

На агендата на амбасадорката се и други настани во текот на денот во Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави