Кралот Чарлс даде дозвола: Аеродром во Франција ќе го носи името на кралицата Елизабета Втора

Аеродром во Франција ќе го носи името на кралицата Елизабета Втора, откако добие дозвола за тоа од кралот Чарлс III.

Како што јавува Би-Би-Си, Л’Ток, град на северот на Франција, го добил благословот на кралот, соопшти локалното собрание.

Аеродромот Тук-Париз-Плаж во иднина ќе се вика меѓународниот аеродром Елизабет II Л Тук-Париз-Плаж.

Сè уште не е објавен датумот за промена на името, а барањето е поднесено шест дена по смртта на кралицата на 8 септември 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави