Треба постојано да се создаваат услови за целосно искористување на развојните потенцијали на општините. Охрид има огромен потенцијал и туристичката понуда треба постојано да се зголемува со тоа што ќе ги следи потребите на гостите и на туристичкиот сектор, порача министерот за локална самоуправа Ристо Пенов од Охрид.
Со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа во вредност од 5 700 000 денари, информирал тој, се уредени модерни терени за голф кај касарната во Охрид. Станува збор за нова содржина, атрактивна за туристите, но и за младите охриѓани.
– На површина од 3,5 хектари, туристите, но и жителите на Охрид добија терени за голф, а е предвидена и академија за голф, како и други рекреативни содржини, со што овој простор се трансформира во атрактивна туристичка понуда и рекреативен центар за локалната заедница, соопштија од Министерството за локална самоуправа.
Иницијативата за оваа инвестиција е на угостителскиот сектор од Охрид, кои својата идеа ја аплицираа преку Општина Охрид, а Министерството за локална финансиски ја поддржа нејзината реализација. Во реализацијата на проектот, се наведува во соопштението, учествува и ЈП „Билјанини извори“ кои заедно со голф клубот ЦЖГ од Охрид уште пред три години започнаа со уредување на просторот.