На локалните избори во Бремен, СПД освои најмалку гласови во последните 73 години

 Германската Социјалдемократска партија (СПД) првпат по 1946 година не успеа да освои мнозинство гласови на локалните избори, кои се одржаа денеска во провинцијата Бремен.

СПД освои само 24,5 отсто од гласовите на денешните избори, што е многу помалку од 32,8 отсто на изборите во 2015 година.

Христијанско-демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) освои најмногу гласови – 25,5 отсто.

Изборите во провинцијата Бремен се одржуваат ист ден со оние за Европскиот парламент.

Треба да знаете
Последни објави