Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во летното издание на „Клик Плус“ зборуваше за покачувањето на платите на функционерите од 78%.
-Од првиот ден на одлуката на Уставниот суд е непотребна со оглед дека е време на економска криза и време кога Владата носи системски решенија. Иницијативата, не толку одлуката, како што иницијативата намерно е поднесена кога владата носи системски решенија за зголемување на платите. Одеднаш адвокат близок на ДПМНЕ поднесува иницијатива на некој закон, член кој е изваден во 2014 година. Каде беше тогаш Уставниот суд? И Уставен суд можел да одлучува без иницијатива. Составот во 2014 година можел да реагира. Тогаш работеле под диктатура и тогаш никој не можеше да поднесе иницијатива, тогаш не можее да донесе одлука без Груевски, додека денеска има демократија и слобода, рече Тренчевска.
Таа напомена дека не е фер да се зголемат толку платите на функционерите.
-Не е фер одеднаш да се качат платите на функционерите за 78%. Но, бараме решение и ќе најдеме решение, дополни министерката.