ТЕОНА МИТЕВСКА ЌЕ РЕЖИРА ФИЛМ ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА

АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ ВО ПРВ РОК НА ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА 2023

Агенцијата за филм, вчера на веб страната ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување.

Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов “Можна приказна за мајка Тереза”, во режија на Теона Стругар Митевска, која е и сценарист заедно со Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, во продукција на Сестри и брат Митевски.

Горд сум на квалитетната понуда на македонските филмаџии, на сè поцврстите ко-продуцентски соработки, но особено сум горд на жените автори во македонскиот филм, што е повторно потврда и на овој конкурс. Верувам дека режисерката која минатата година нè претставуваше на Венецискиот филмски фестивал и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, ќе даде една своја перспектива на животот на Мајка Тереза„ – изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм

Треба да знаете
Последни објави