Рудниците „Бучим“ и „Боров Дол“ со свечена програма ќе го одбележува Денот на рударите

По повод 28 август, Денот на рударите кој што воедно е и Ден на Радовиш, се организира свечена програма за чествутвањето на професионалниот празник на македонските рудари, информираат преку писмено соопштение од рудниците „Бучим“ и „Боров Дол“.

-Одбележувањето започнува на 28 август во кругот на рудниците со  свечената церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а  главната прослава ќе биде вечерта во центарот на Радовиш со музички концерт на Каролина Гочева. Како педгрупа ќе настапи бендот South Parк. Концертот почнува во 20 часот, стои во  писменото соопштение од рудниците „Бучим“ и Боров Дол“. Посочуваат дека оваа година за прв пат за радовишани и сите посетители се подготвува вистинско музичко уживање и секако одлична забава и расположение со најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева.

– Централната прослава ќе се одржи во центарот на Радовиш под покровителство на рудниците Бучим и Боров Дол во соработка со Општина Радовиш. Ги покануваме граѓаните да присуствуваат на прекрасниот настан и да уживаат во празникот”, рече градоначалникот Ацо Ристов.

Александар Раков генерален менаџер  на „Бучим“ и „Боров Дол“ додава дека за прв пат годинава Денот на рударите, ќе биде одбележан со настан во центарот на Радовиш. -Празничната традиција ќе ја зачуваме и пред големиот концерт, во делокругот на рудникот ќе се одржи официјална церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а прославата ќе  се одржи во Радовиш каде заедно со сите граѓани, рудари и нивните семејства ќе уживаме во концерт на македонски музички ѕвезди” , додаде  Раков генерален директор на „Бучим“ и „Боров Дол“.

Треба да знаете
Последни објави