Новинарот Арбен Раткоцери со фејсбук-статус реагира на непромислените потезите кои ги приредува тетовскиот градоначалник Билал Касами со иконографија на знаме од Голема Албанија, додека се обидува да се пофали дека поплочил споредна уличка.
Според него Касами своето „шоу“, го направи токму кога специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар се обидуваше да ја убеди македонската опозиција за придобивките од европски исчекор на Македонија.
-Токму дента кога американскиот пратеник Ескобар во Скопје врши максимален притисок врз главните политички фактори за уставни измени, градоначалникот на Тетово Биљал Касами го одби со инаугурација на „улички поплочени со бекатон“. Сето тоа придружено со патетична иконографија со знамиња и мапи на Етничка Албанија. Акција координирана со некого заради повеќе од нормални реакции и иритација на македонското мислење и дефокусирање на посетата на американскиот функционер на Скопје, напиша Раткоцери.