Меси ангажираше личен телохранител кој го следи по работ на теренот за време на неговите натпревари

 Напаѓачот на Интер Мајами, аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси ангажираше личен телохранител, објави „Daily Mail“.

Според британскиот медиум, телохранителот го избрал косопственикот на клубот Дејвид Бекам. Чуварот на Аргентинецот Јасин Чуеко бил поранешниот војник на специјалните сили на американската армија и има борбено искуство во Ирак и Авганистан, знае боречки вештини и учествувал во неколку ММА борби. Забележано е дека Чуеко трча по работ на теренот за време на натпреварите за да го заштити Меси од каков било контакт со надворешни лица.

Триесет и шестгодишниот Аргентинец се приклучи на МЛС-клубот ова лето. Настапи на осум натпревари, постигна 10 голови и три асистенции.

Следниот натпревар Интер Мајами го игра во утре против Њујорк.

Треба да знаете
Последни објави