Хрватскиот шампион Динамо Загреб шампионски одработи летово и на трансфер пазарот

Повеќекратниот хрватски фудбалски шампион Динамо Загреб продолжува да биде и најуспешниот тим во земјата кога станува збор за работењето и на трансфер пазарот. „Модрите“ од Максимир летово заработиле повеќе од 50 милиони евра од продажбата на фудбалери, а на повидок е и нов трансфер кој ќе ја надополни клупската каса. Вака бериќетно лето не се памети на „Максимир“.

Динамо во оваа 2023 година ги продаде сите свои најголеми ѕвезди. Почнаа со Милсав Оршиќ во јануари, па Аријан Адеми во март, а летово од загрепскиот гигант си заминаа Јосип Шутало во Ајакс, Лука Иванушец во Феенорд и Доминик Ливаковиќ во Фенербахче. Останува неизвесно само дали и Бруно Петковиќ, исто така хрватски репрезентативец, ќе си замине во Трабзон.

Најмногу пари Динамо заработи на Шутало, кој донесе во касата 21 милион евра од Ајакс, од Иванушец се заработени 9,6 милиони евра, додека од Ливаковиќ вкупни 8,5 милиони. И на сето ова, кога ќе се додаат 13,4 милиони евра што Динамо ги доби како процент од продажбата на Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг во Манчестер сити, сметката е побогата за 51,5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави