Ѓоковиќ нервозен го дочекува стартот на Отвореното првенство на САД

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред стартот на последниот, четврти сезонски гренд-слем турнир Отвореното првенство на САД, признава дека е нервозен. Еден од најдобрите тенисери во светот, Ѓоковиќ на турнирот во Њујорк се враќа по едногодишна пауза откако лани шпоради ковид мерките не му беше дозволен влез како невакцинирано лице.

Пред две години на истиот турнир загуби во финалето од Данил Медведев. Сега му е потребна една победа и пвоторно да се в рати на АТП-листата со најдобо рангирани тенисери, каде е рекордер според неделите поминати на првата позиција.

Ѓоковиќ во Њујорк доаѓа по триумфот на мастерсот во Синсинати, каде во финалето го совлада играчот во налет, младиот Шпанец Карлос Алкараз.

-Многу сум нервозен, како и сите останати. Луѓето мислат дека немам никаков стрес или не чувствувам тензии, но напротив… Се договорам со него, управувам со стресот. Во финалето во Синсинати имав физички проблеми, а згора на тоа Карлос одигра фантастично. Одиграме неверојатно финале и тој меч сигурно ми е меѓу трите најтешки во кариерата, изјави Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави