Американскиот тиктокер Џустус Рид објави видео кое веројатно е најдобрата реклама за Балканот досега.
На видеото тројца Босанци го носат Џустус на море (не по негова волја), со „југо“ со регистарски таблички од Белград. По пат застануваат на јагнешко во ресторанот „Седмица“, го пеат хитот „Кад замиришу јорговани“, спијат, избегнуваат кози на патот – сите типични работи што може да му се случат на еден Балканец кога оди на одмор.
За помалку од еден час по објавувањето, видеото собра над 30.000 лајкови, речиси половина милион прегледи и многу коментари.
Инаку, Џустус Рид на балканската јавност ѝ стана познат по објавувањето на своите изведби на хитови од познати балкански музичари на социјалните мрежи. Неодамна откри дека донел голема одлука која ги изненади сите негови следбеници: дал отказ, ја продал куќата и се преселил на Балканот.
@justus_reid This is the best video I’ve ever made. #balkan #yugoslavia #bosnia #croatia #serbia ♬ original sound – Justus Reid