Халанд има три гола по три одиграни кола сезонава во Премиер лигата

Фудбалерот на актуелниот англиски првак Манчестер сити, Ерлинг Халанд постигна три гола во неговите први три натпревари во Премиер лигата сезоната 2023/24.

Во натпреварот од 3. коло против Шефилд Јунајтед одигран попладнево, Халанд го отвори резултатот во 63. минута. Во првото полувреме од средбата Норвежанецот не реализираше пенал погодувајќи ја стативата. Сити го доби натпреварот со 2:1.

Во натпреварот од 1. коло против Барнли (3:0) Халанд постигна два погодока.

Така Халанд, кој беше најдобар стрелец минатата сезона со 36 гола, сега го дели првото место на листат на стрелците со Таиво Авонији (Нотингем Форест), Соли Марч (Брајтон) и Брајан Мбемо (Брентфорд).

Треба да знаете
Последни објави