Денеска (27.08.2023) од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп е лишен од слобода и задржан во ПС ОН Прилеп Е.Р. (30) од с.Дебреште, командир на ПО Ропотово, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” односно поради основи на сомнение дека на 19.08.2023 на свадба кај негови роднини во семејна куќа во с.Дебреште пукал од огнено оружје.
ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.
Претходно од опозициската ВМРО ДПМНЕ објавија видео запис од пукотницата со „калашников“ и обвинија за испадот на неодговорен поединец.
Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава.
— Драган Ковачки (@Kovacki1) August 27, 2023
Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо.
Не одговара ниту тој што го поставил.#ДалекуСмеОдЕу pic.twitter.com/MVeBlWwdMd