Хери Кејн доби херојски пречек на „Алијанц арената“ и со два гола го преводеше Баерн Минхен до убедлив триумф од 3:1 во баварското мини-дерби против Аугзбург, полека исплаќајќи ги 100-те милиони кои германскиот шампион ги плати за него.
Втората победа во второто коло на Бундеслигата беше најавено во 32. минута од мечот, кога Феликс Удахаи си постигна автогол, а Кејн се запиша во листата на стрелците по првпат во 40. минута со сигурна реализација на досудениот пенал.
Во второто полувреме Кејн постигна и гол од игра во 69. минута за да го продолжи совршениот старт на кариерата во гигантот од Минхен, пред Дион Бељо во 86. минута да постигне утешителен гол за гостите.