За Клоп победата на Ливерпул против Њукасл е поважна од чудото против Барса

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп за денешната победа против Њукасл (2:1) остварена со пресврт во последните десет минути од мечот е една најдобрите во неговата кариера. Според германскиот стратег Клоп триумфот на „Сент Џејмс парк“ со десет играчи е поголем и од легендарната победа над Барселона кога “црвените“ славеа во Лигата на шампионите.

Ливерпул денеска се до 81. минута имаше негатива од 1:0 против Њукасл, и играч помалку по исклучувањето на капитенот Ван Дајк уште во 28. минута. Но, потоа со два гола на Дарвин Нуњез дојде до триумф од 1:2.

-За мене ова е една од најслатките и најдобрите победи во кариерата. Потешка и поголема и од онаа против Барселона, бидејќи не игравме на „Енфилд“. И може само да кажам дека навистина уживав во неа. На полувреме им кажав на играчите дека можеме до пресврт. И да бидам искрен во повеќе од илјада мечеви во мојата кариера досега не сум видел вакво нешто со десет играчи на терен, и тоа против тим како Њукасл и во една таква зовриена атмосфера – истакна Клоп по денешниот натпревар.

Треба да знаете
Последни објави