Трката во класата Moto1000GP што се одржа викендов на меѓународната патека во Каскавел, Бразил, ја одбележа голема трагедија.
Возачот Ерико Верисимо да Роси не забележа дека еден од возачите паднал од мотоциклот на патеката и со полна брзина удрил во него, превртувајќи се во воздух.
Тој во критична состојба бил пренесен во болница, каде што починал. Имаше 38 години.
Од повредите во болница починал и 42. годишниот Андре Верисимо Кардосо, кој го предизвикал судирот и бил хоспитализиран во тешка состојба.