Тајфунот Саола го погоди северниот дел на Филипините и се движи кон Тајван и јужна Кина

Тајфунот Саола го погоди северниот дел на Филипините и се движи кон јужниот брег на Тајван и кон јужниот брег на Кина, а локалните власти издадоа предупредувања.

Поради поплавите се раселени повеќе од 2.300 луѓе, од кои повеќето побараа засолниште во владините центри за евакуација, соопштија денеска претставници за реагирање при вонредни состојби на северот на Филипините.

Метеоролошките власти предупредија на опасност од натамошни поплави и лизгање на земјиштето, особено во планинските региони каде во последните денови паднаа обилни дождови.

На фериботите и товарните бродови им е забрането да ги напуштаат пристаништата во некои области на северот на Филипините.

Кинескиот пристанишен град Сјамен, преку Тајванскиот теснец, од утре ќе ги прекине услугите на траектите.

Се очекува тајфунот Саола дополнително да ослабне и се верува дека во среда ќе го погоди јужниот дел на Тајван. Повеќето временски прогнози покажуваат дека тајфунот во текот на неделава ќе се движи кон Хонг Конг и јужна Кина.

Треба да знаете
Последни објави