Мнозинство од американските избирачи, или 61 отсто, сметаат дека републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, треба да оди на суд пред изборите.
Од анкета на Ипсос и агенцијата Ројтерс се дознава дека 89 отсто од демократските избирачи сметаат дека Трамп треба да оди на суд пред претседателските избори закажани за ноември 2024 година. Истото го сметаат 63 отсто од независните, и само 33 отсто од републиканците. Просекот од овие резултати открива дека 61 отсто од избирачите сметат Трамп треба првин да оди на суд, а дури после на избори.
Судијата Тања Чуткан, која го води процесот по во федерално обвинение за попречување на изборните резултати од изборите во 2020 година подигнато против Трамп од специјалниот обвинител Џек Смит, вчера го назначи 4 март, 2024 година за почеток на судењето. Адвокатите на Трамп и тој самиот побараа судењето да се одложи за во 2026 година. Трамп има уште едно судење истиот месец закажано за 24 март, а за случајот со давање поткуп на порно глумица за нејзино молчење. На 5 март пак е „супер четвртокот“ кога избирачите од 14 држави уфрлаат ливчиња за избор на својот кандидат за претседател.
Експретседателот, кој учествува во трката во која има највисок рејтинг меѓу кандидатите за претседателска номинација, судењата против него, вкучително и она во Џорџија, го смета за политички мотиваран процес, и неделава на социјалната мрежа „Труд соушал“ ги нарече „попречување на избори“.
Според анкетата спроведен од Ипсос и Ројтерс на 24 и 25 август меѓу републиканските гласачи, 53 отсто кажале дека Трамп е нивен кандидат за избор на претседател. Гувернерот на Флорида Рон Десантис е избор за 14 отсто од испитаниците, а поранешниот потпретседател Мајк Пенс е се рејтинг од само шест отсто. Следуваат кандидатите Вивек Рамасвами и Ники Хејли со пет и четириотстотен рејтинг.