Сопатничка на 18 годишна возраст синоќа погинала на лице место откако автомобил „голф“ излетал од патот во село Долнени, прилепско.
-На 28.08.2023 во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана” во с.Долнени, прилепско, патничко моторно возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Пешталево, излетало од патот.
Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С.(18) од Прилеп, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и другата сопатничка Б.С.(18) од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.