Се урна хеликоптер на ФСБ во Русија, три лица загинаа

Три лица загинаа денеска при пад на хеликоптер Ми-8 во Челјабинската област во Русија, соопшти регионалната канцеларија на руското Министерство за вонредни ситуации.

Регионалниот гувернер Андреј Текслер изјави дека хеликоптерот припаѓал на ескадрила на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Регионалната канцеларија на руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека хеликоптерот е пронајден во шумска област, пренесува ТАСС.

„Пронајдени се телата на три лица. Нема жртви меѓу населението, а населбата не претрпела никаква штета“, соопштија од канцеларијата.

Треба да знаете
Последни објави