Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Австралија. 18 трка Мото ГП шампионатот покрај Мартин од првиот ред ќе ја започнат Марк Маркез на Репсол Хонда, кој заостана 13 илјадити делови од секундата и возачот на Дукати, Франческо Бањаја.
На враќањето на патеката „Филип Ајленд“, Мартин ја освои пол-позицијата со рекорден круг од 1:27.767 минути. Во финишот на квалификациите Мартин го урна девет години стариот рекорд на сонародникот Хорхе Лоренцо.
Зад Бањаја од вториот ред трката ќе ја започнат возачите кои се борат за титулата, Алеиш Еспаргаро на Априлија и бранителот на трофејот Фабио Квартараро на Јамаха.
Вториот возач на Прамак Дукати, Жоан Зарко ќе го комплетира вториот грид, пред возачот на тимот ВР46, Лука Марини и Џек Милер на Дукати, кој сè уште има шанси за титулата.
Место меѓу првите десет обезбедија Марко Бецецки и Алекс Ринс, додека најлош пласман од сите кандидати за титулата имаше Енеа Бастианини, која се пласира на 15. место.
Трката за ГН на Австралија ќе се вози во недела, во 5 часот по средно-европско време.