Претседателот на европскиот совет Шарл Мишел во телевизиско интервју за словенечката државна телевизија го повтори ставот дека ЕУ до 2030 година треба да биде подготвена за ново проширување со држави што ќе ги исполнуваат условите.
Мишел меѓу другото во својот настап подвлече:
-Mислам дека беше важно да дадам јасна и веродостојна порака. Се надевам дека успеав во тој говор. EУ мора да се организира и да ја врши својата работа, на начин, да подготви нацрт-план за проширување до летото 2030-та година. Мораме да расправаме и да одлучиме за тоа кои ќе бидат приоритетите на ЕУ во иднина и како ќе ги финансираме политичките проекти. Дебатата ќе биде тешка и комплицирана. Нашата порака до земјите од Западен Балкан е дека ЕУ е нивен сериозен партнер. Заедно сме за проширување на ЕУ. Тоа во моментов е една од најактуелните теми. Сите мораме да работиме заедно и да донесеме одлуки, кои ќе бидат од корист за земјите кои сакаат да ни се придружат, вели Мишел.
Видеото од изјавата на следниот линк.