Започнуваме со кампањата Ние сме Европа, интензивирајќи го процесот на комуникација со граѓаните на повеќе нивоа, со порака дека ние сме Европа и сакаме да сме во ЕУ напиша Спасовски.
Веќе сме во друштво на 40-те најбезбедни земји во светот, безбедноста е предуслов за се’ друго! ЕУ го гарантира македонскиот јазик, култура и идентитет. Тоа го докажавме кога го потпишав првиот Договор со ЕУ – ФРОНТЕКС.
А, со самиот прием во ЕУ на Македонија ги отвораме сите можности:
-Пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, каде македонските компании ќе може да ги понудат производите и услугите. Трговски перспективи со потенцијал за раст на БДП кој во првите 5 години по членството растел со стапки од 80 до 90 отсто.
-Хармонизација на законодавството со европските норми и стандарди, што креира подобри услови за бизнис и инвестиции, европеизирање на македонскиот бизнис модел.
-Пристап до европските фондови, најмалку 10 милијарди евра за земјоделството, енергетиката, малите и средните претпријатија, инфраструктурата, образованието.
-Голем скок на платите и раст животниот стандард на граѓаните – во првите 5 години членство во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ изнесувал од над 50 отсто, па се до 100 отсто.
Сето ова ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира, да го запре европскиот пат и работејќи против интересите на граѓаните и државата, повторно да не’ втурне во изолација.
Ќе разговараме со секој еден, затоа што над 80 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ! Затоа што #НиеСмеЕвропа!