Преполн беше плоштадот Јадран во Скопје попладнево каде се одржа првата од серијалот трибини „Ние сме Европа“ во организација на Секретаријатот за европски прашања.
Над 3500тини граѓани, државни функциониери, но и членови на раководството на СДСМ беа поладнево на плоштадот Јадран, каде свои обраќања имаа премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Бојан Маричиќ, амбасадорот на Шпанија, како и претставнички на бизнис и граѓанскиот сектор.
Вакви трибини ќе се одржат уште во седум градови, со цел на граѓаните подобро да им се објасни за придобивките од членството во Европската унија.