Предводени од фантастичниот Александар Љафтов, Македонија стигна до фантастична 3:1 (22:25, 25:22, 25:19, 25:22) победа над Данска во прекрасна атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за совршен почеток на третиот обид да се стигне во осминафиналето на континенталниот шампионат.
Првиот сет не беше најдобар за тимот на Јошко Миленковски, откако Данците се одвоија од 12:12, и го освоија првиот сет. Во вториот сет, беше апсолутно израмнето до самиот финиш, кога под крилјата на публиката, Македонија израмни на 1:1. Третиот сет беше апсолутно перфектен, без грешка за високи 25:19, по што Данците се заканија со изнудување на одлучувачки петти сет, водејќи со 21:19, пред Македонците да имаат совршен камбек, и со поенот на Никола Ѓорѓиев да стигнат до славна победа.
Македонија во следното коло, веќе во сабота ја пречекува Црна Гора.