Партизан ја прокоцка победата во Баскија

Белграѓани примија тројка со звукот на сирената, а потоа загубија од Басконија во продолжението

Кошаркарите на Партизан на неверојатен начин ја испуштија победата на гостувањето кај Басконија, во натпреварот од 2. коло на Евролигата.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ загубија практично добиен меч во продолженијата, кој Баскијците го добија со тројка на Маркус Хауард со звукот на сирената.

Пред тоа Џејмс Нанели имаше шанса да им донесе победа на белграѓани од линијата за слободни фрлања, но погоди само едно слободно фрлање.

И во продолжението Партизан тргна подобро, водеше со пет разлика, но потоа се запалија Баскијците – Хауард ја започна серијата на домашните од 7:0 за конечни 103:96 во корист на шпанскиот тим.

Блескаше Маркус Хауард кој постигна 33 поени со дури осум тројки за Басконија.

За Партизан, кој во првото коло загуби од Алба во Берлин, Пантер постигна 26, Ледеј 23 поени, а Лесор 19 со 12 скока.

Олимпијакос во Атина го победи Жалгирис со 90:80, додека Фенербахче го победи Макаби од Тел Авив во Истанбул со 86:71.

Треба да знаете
Последни објави