ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека на ден 31.08.2023г. (четврток) на мостот “Обединети Нации” на тротоарот се изведуваат градежни активности за санација на мостот и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради изведба на активностите во насока од Влае кон Карпош ќе биде затворена насоката за движење за пешаците до завршување на градежните активности .ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.