Дали острата и ненадејна болка во градите која трае само неколку секунди е опасна?

Секоја болка не претставува срцев удар. Ненадејната болка во градите може да биде предизвикана од неколку причини и не мора секогаш да значи дека станува збор за некоја сериозна болест или пак срцев удар.

Резултатите од едно истражување од 2016-та година покажува дека само шест отсто од луѓето кои завршиле во Итна помош заради болка во градите, како дијагноза имале состојба опасна по живот.

Во продолжение прочитајте ги вообичаените причини за ненадејна и краткотрајна болка во градите:

1. Горушица настанува кога желудочната киселина прска од вашиот стомак и може да предизвика ненадејна болка или чувство на пецкање во градите. Горушицата е честа причина за болка во градите па затоа речиси 15 милиони луѓе во САД имаат такви симптоми секој ден. Покрај овие симптоми додајте ја и непријатноста во стомакот и горчливиот вкус во задниот дел на устата или грлото.

2. Ненадејна болка во градите што се вика predcordial catch syndrome (PCS) не е сериозна состојба и најчесто се појавува кај децата и кај младите, но може да се појави и кај возрасните луѓе. Се смета дека ја влошува состојбата на цврстиот нерв во градите и предизвикува грч на мускулите.
Симптоми на PCS се следните:

– Остра болка во градите во траење од 30 секунди до 3 минути;
– Oтежнато дишење;
– Исчезнува брзо и не остава трајни симптоми;
– Најчесто се јавува во мирување или кога се менува положбата;
– Може да се појави во период на стрес или анксиозност.

3. Воспаление на мускулите може да предизвика остри болки во градите. Вашите ребра и мускулите помеѓу нив можат да се повредат доколку вежбате или пак носите нешто тешко. Причината најчесто е инфекција помеѓу ребрата и градната коска.

4. Проблеми со дишењето и неправилност во работата на белите дробови можат да предизвикаат ненадејни и остри болки во градите, а некои од тие проблеми можат да бидат сериозни. Веднаш обратете се кај доктор доколку имате некој од овие симптоми:

– Болка во градите која станува полоша доколку длабоко вдишете;
– Болка во градите која се влошува доколку кашлате .

Болести на белите дробови кои можат да предизвикаат болка во градите се следни:

– Инфекција на градите;
– Напад на астма;
– Пнеумонија;
– Запаление на белите дробови;
– Белодробна емобила;
– Белодробна хипертензија односно висок крвен притисок во белите дробови.

5. Анксиозност и напад на паника се причини за болка во градите, а можат да се случат без никаква причина.

Другите симптоми на паничен напад се многу слични на симптомите на срцев удар:

– Недостатот на возду;
– Забрзано чукање на срцето;
– Вртоглавица;
– Потење;
– Треперење;
– Несвестица ;
– “Одземање на рацете и нозете“.

6. Ненадејната болка во градите на многумина првично ги потсетува на срцев удар. Сепак, срцето обично емитува тапа болка и непријатно чувство како некој да ви “седи на градите“. Болката во градите за разлика од срцевиот удар е дифузна и тешко може да се одреди. Сепка, доколку имате некои од овие симптоми итно треба да се упатите на доктор:

– Потење ;
– Вртоглавица
– Болка која се шири кон вилицата;
– Болка која се шири кон рамениците и грбот;
– Вртоглавица и бели точки пред очите;
– Недостаток на воздух;
– Забрзано чукање на срцето;
– Замор.

Еве уште кои состојби можат да предизвикаат остра болка во градите:

Ангин– кога протокот на крвта до срцевиот мускул е блокиран.

Перикардитис– инфекција или запаление на слузницата околу срцето, најчесто настанува после инфекција на грлото или прелада.

Миокардитис– запаление на срцевиот мускул кое влијае на отчукувањето на срцето.

Кардиомиопатија– болест на срцевиот мускул која го прави срцето послабо.

Дисекција на аортата– итна состојба која се случува по раздвојување на аортата, а за тоа потребно е итно медицинско лечење.

Треба да знаете
Последни објави