Трамп се изјасни за невин за обидот да ги поништи резултатите од изборите во Џорџија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска се изјасни за невин по обвинението за наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година во државата Џорџија.

Тоа значи дека Трамп нема да мора да се појави на сослушувањето закажано за следната недела од судијата на Врховниот суд на округот Фалтон, Скот Мекафи.

Трамп и уште 18 други беа обвинети претходно овој месец по 41 точка од обвинението во кое беше опишана наводна шема за поткопување на волјата на гласачите во Џорџија, каде победи Џо Бајден. 

Треба да знаете
Последни објави