На почетокот на новата учебна година и враќањето на дечињата во училишните клупи, Општина Аеродром во соработка со Капитол мол, повторно го организира традиционалниот „Back to School“ настан. Настанот кој освен забавен ќе има и хуманитарен карактер ќе се одржи на 3-ти септември (недела), на платото пред трговскиот центар „Капитол“ со почеток од 18.00 часот.
Оваа година подготвивме уште една хуманитарна и забавна манифестација. Низ богата забавна и музичка програма ќе уживаме во настапите на македонски и локални артисти. Забавата за сите ученици од Аеродром ќе биде отворена со настап на детскиот хор „Поточиња“, по што свои настапи ќе имаат популарните Некст Тајм, Огнен Здравковски, Таско, Пајак, Лара Иванова, Теа Трајковска и други артисти.
Општина Аеродром ги поканува сите граѓани, заеднички и на убав начин да го одбележиме почетокот на новата школска година и со поддршката за лекувањето на Лео уште еднаш да покажеме дека Аеродром е хумана општина.