Од денеска до 30 септември продолжување на правото на ученичка стипендија

Од денеска до 30 септември трае рокот за доставување на документите до Министерството за образование и наука од корисниците кои во некоја од изминатите учебни години го оствариле правото на ученичка стипендија и ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување.

Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2023/2024 година и последното свидителство.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk.

За информација или за да постават прашање во  врска со ученичките стипендии корисниците може да се обратат на електронската пошта: ucenicki.stipendii@mon.gov.mk

Треба да знаете
Последни објави