Оливер Спасовски на одбележувањето на 70 години на Кинолошкиот сојуз на Македонија

Со посебна чест присуствував на одбележувањето на значаен јубилеј за Кинолошкиот Сојуз на Македонија (КСМ) – 70 години постоење и развој на кинолошката култура во државата, со стремеж за лидерство во регионот кога е во прашање едукацијата, одговорното сопствеништво, благосостојбата, како и однесувањето и интеракцијата со кучињата, а со самото тоа и развој на општеството кое ќе ги сака и почитува кучињата, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.


Како МВР сме посветени во овој дел со конкретни активности во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во развој и унапредување на Единицата за службени кучиња, која неодамна за своите потреби доби реконструиран објект на МВР, а вредни за споменување се и возилата и опремата за К-9 овозможени преку соработката со ОБСЕ. Упатувам искрена благодарност до КСМ, продолжуваме со соработката која значи унапредување на заштитата и благосостојбата на животните, се вели во објавата.

Треба да знаете
Последни објави