Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на денешното редовно годишно Собрание одлучи да го пролонгира редуцирањето на машката Суперлига од сегашните 16 на осум екипи, како што беше предложено.
На барање на дел од ракометните прволигаши, со образложение дека формирањето Суперлига А и Суперлига Б, може да влијае врз висината на ваучерите кои ги добиваат од Агенцијата за млади и спорт, предлогот за промена на системот на натпреварување беше одложен.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, воедно, ги задолжи клубовите во координација со Управниот одбор, да поднесат нов предлог до следното заседавање на Собранието.
За дел од клубовите прифатлив е предлогот за намалување на бројот на прволигашките екипи од 16 на 12 или 10, а собранието како највисок орган на РФМ одлучи дека системот на натпреварување може да стартува во нов формат од сезоната 2024/25.