Зеленски го менува министерот за одбрана Резников

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски соопшти дека го меува министерот за одбрана Алексиј Рзников со Рустем Умеров, пратеник кој ги претставува кримските Татари.

Зеленски оваа информација ја обелодени на својот канал Телеграм.

-Одлучив да го заменам министерот за одбрана на Украина. Алексиј Резников помина 550 дена во војна. Сметам дека на Министерството му е потребен дриг формат на интеракција со војската и со опшеството во целина.Сега Министерството треба да го води Рустем Умеров, напишал Зеленски.

Соопштението за рокада во Министерството за одбрана е објавено откако две лица се хоспитализирани по тричасовниот напад на руските дронови врз пристаниште во украинската област Одеса.

Треба да знаете
Последни објави