Полициски службеници изутрината во Богданци го привеле Д.Ј.(26), кој бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата.
Лицето било осудено на четири години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и еден месец од казната. Д.Ј. бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, соопшти МВР