Лидерот на воената хунта во Габон, Брис Нгуема денеска положи заклетва како привремен претседател на земјата.
Генералот Нгуема го предводеше државниот удар минатата среда против претседателот Али Бонго, соборувајќи го кусо време откако беше прогласен за победник на неодамнешните избори.
Нгуема има одредена поддршка од народот, а на неговата инаугурација присуствуваа многу цивили, јави Би-Би-Си.
Аналитичарите сепак изразија загриженост дека владеењето на Нгуема ќе биде продолжение на 55-годишното владеење на династијата Бонго, бидејќи тој го поминал најголемиот дел од својата кариера во најтесниот круг на Бонго и дури се верува дека е роднина на Али Бонго.
Таткото на Али Бонг, Омар, беше на власт 41 година пред да почине во 2009 година кога неговиот син го наследи.
Габон е шестата франкофонска земја што потпадна под воена власт во изминатите три години додека поранешната колонијална сила Франција се бори да го задржи влијанието во Африка.
Габон беше суспендиран од Африканската унија по државниот удар, што беше осуден од ОН и Франција.