Фејсбук статус на Фатмир Битиќи, заменик претседател во Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции:
-Германските компании инвестираат во Северна Македонија бидејќи нашата земја ја гледаат како дел од Европската унија. Токму ова го посочив во изјава за МИА овде во Франкфурт после потпишувањето на договорот со новата инвестицијата на германската компанија БМЗ, затоа што Северна Македонија по проблемите кои се појавија со војната во Украина, за странските инвеститори претставува дестинација каде ќе го продолжат нивното производство.
Не само компаниите од Германија, туку и тие од други европски земји го наоѓаат нивното место во Северна Македонија, бидејќи имаме конкурентна работна сила, конкурентни услови за компаниите, а тоа што особено позитивно за нас е фактот што европските компании сфатија дека имањето на вредносниот ланец далеку од дома, во Азија или подалечни земји, го усложнува производството и ја намалува нивната конкурентност. Приближувањето на вредносниот ланец во Европа ја зголемува конкурентноста на европската економија, од која ние веќе сме дел.
Германските компании инвестираат во Северна Македонија бидејќи нашата земја ја гледаат како дел од Европската унија. Токму ова го посочив во изјава за МИА овде во Франкфурт после потпишувањето на договорот со новата инвестицијата на германската компанија БМЗ, затоа што Северна Македонија по проблемите кои се појавија со војната во Украина, за странските инвеститори претставува дестинација каде ќе го продолжат нивното производство.