Шкупи ја почна новата сезона со пораз од Работнички, а во наредните пет кола не знае за пораз, има скор од три нерершени натпреаври и две победи.
По овој биланс ќе се памети краткиот престој на клупата на Џихат Арслан како предводник на првиот тим од Чаир, бидејќи тренерот со потекло од Турција се вратил во родната земја поради семејни причини.
– Кога тимот добиваше на форма и стабилност, во стручниот штаб се случи неочекуваното. Досегашниот тренер Џихат Арслан поради семејни проблеми бил принуден да се врати во родниот град за да биде во близина на семејството.
– Раководството на клубот, играчите и целиот персонал му се заблагодаруваат на тренерот Арслан за придонесот, посакувајќи му се најдобро и понатамошни успеси.
– Во меѓувреме, раководството на клубот сега започна разговори со некои потенцијални тренери за замена на Арслан, за што ќе бидете навремено информирани – гласи објавата на Шкупи.