Поголемо количество оружје откриено во куќа Звечане во северно Косово

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека денеска во куќа во Звечане, северно Косово, е откриено поголемо количество оружје, вклучително автоматски пушки, куршуми, рачни бомби и експлозив, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Свечља, куќата во која е откриено оружјето, „служела за собирање и делење вооружување за српските криминални групи“ на косовскиот север, кој е населен со мнозинско српско население.

Првиот човек на косовската полиција на својата страница на Фејсбук напиша дека, освен припадници на домашните безбедносни институции, на местото на настанот биле присутни и претставници на Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР.

-Северот чекор по чекор се движи кон нормалноста. Редот и законот нема да се прекршат во ниедно ќоше на Републиката, напиша Свечља. 

Треба да знаете
Последни објави