Шкотскиот репрезентативец, Скот Мектоминеј, е херојот во таборот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, откако како „џокер“ од клупата доби шанса да влезе во игра во последните десетина минути и го постигна победничкиот гол во пресметката со Омонија (1:0) и тоа во третата минута од судиското продолжение во натпреварот од 4. коло во групата Е од Лига Европа.
Српскиот шампион Црвена звезда е се подалеку од европска пролет по вечерашниот пораз на гостувањето кај Ференцварош (2:1). Закариасен во 23. минут ги доведе Унгарците во водство, Стеван Митровиќ изедначи во 55. минута, но надежта на „црвено-белите“ барем за еден бод траеше само шест минути по кои дојде победничкиот погодок на Мае. Во групата Х, белградскиот тим е последнопласира со три бода. Лидер е Ференцварош со 9 бода, Трабзонспор и Монако имаат по шест.
Лацио како фаворит влезе во дуелот со Штурм, но две минути по водечкиот гол на Имобиле во 45. минута остана со играч помалку по вториот жолт картон на Лазари. Тоа го искористија Австријците, кои во 56. минута првпат изедначија. Педро во 71. минута донесе ново водство на римјаните, но Бовинг со вториот гол во 83. минута го донесе конечниот епилог. Со ова групата Ф стана најнеизвесна во Лига Европа, со оглед што сите четири екипи имаат по пет бода. Освен Лацио и Штурм, тука се и Феенорд и Митјиланд.
Резултати од другите одигранин средби во вечерниот термин: Лудогорец-Хелсинки 2:0, ПСВ-Цирих 5:0, Реал Сосиедад-Шериф 3:0, Трабзон-Монако 4:0, Унион Берлин-Малме 1:0.