Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека од денеска во непосредна близина на Земјата ќе поминат пет метеорити, од кои три се со големина на авион.
НАСА објави дека од 6 до 10 септември најблискиот од петте метеори ќе и се приближи на Земјата повеќе од 1,5 милиони километри, а најоддалечените повеќе од 5,7 милиони километри, но тие не претставуваат никаква опасност за Земјата.
Метеорот 2021 JA5, со димензии 18 метри, денеска ќе помине блиску до Земјата. Последниот метеор, 2023 QF6, со големина од 21 метар, ќе биде во близина на Земјата на 10 септември.
Небесните објекти поголеми од 150 метри и минување на 7,5 милиони километри од Земјата се сметаат за опасни.