ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов јавно да се извини за изнесените навреди и говор на омраза

Нивото на политичка комуникација и начинот на кој што Шилегов настапува во јавноста е срамен и недоличен. Неговите испади и неможноста да се контролира не може да се оправдаат со нервозата, личната некултура и вулгарноста, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Згрозени од неговите настапи, бараме Петре Шилегов јавно да се извини за изнесените навреди и говор на омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Во спротивно ќе бидат преземени сите законски мерки за санкционирање на неговото однесување. Ваквиот примитивен речник со навреди и говор на омраза не е нов за Шилегов.

Доколку Шилегов е нервозен за слабиот резултат на СДСМ на изборите за кој се виновни и тој и неговиот претседател Заев, тоа може да го каже на Бихаќка. Во јавноста тој е градоначалник и треба да се однесува така.

Го охрабруваме Шилегов по оставката од партиската позиција да си даде оставка и од градоначалничката функција, бидејќи Скопјани не се помалку важни од неговата партија.

Треба да знаете
Последни објави