Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир и новиот заменик амбасадор на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау.
На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот.
Соговорниците разменија мислења и информации за текот на пристапните преговори и скрининг процесот, како и за следните чекори коишто треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, при што претседателот Пендаровски истакна дека европската агенда зависи од нас, како и реализација на обврските кои треба да се исполнат.