Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ признава дека не е задоволен што ја „грее клупата“ на Реал Мадрид во новата сезона и дека не очекувал да се најде во ваква ситуација по се мшто даде за „кралевите“.
Искусниот 38-годишн Модриќ го продолжи договорот со „кралевите“ за уште една сезона, одбивајќи богата понуда од Саудиска Арабија, но ја загуби глвната улога во средниот ред на тимот. Модриќ од теренот Карло Анчелоти, во првите четири кола од шпанската Ла Лига доби доверба само еднаш да почне во почетниот состав. Сезонава има помонато на теренот вкупно 133 минути. Во интервју за „Спортске новости“, Модриќ признава дека не очекувал ваква ситуција.
„Никој не е среќен кога не игра. Откако цела кариера бев стартер, ова чувство ми е посебно чудно. Но, тренерот одлучи така поради негови причини и нема да попуштам поради тоа. Токму спротивното. Тие сакаа да останам и јас имав иста желба. Единствен услов беше да ме третираат како конкурентен играч и да не ме задржуваат само поради минатото. Ми кажааа дека ништо нема да се смени и затоа потпишав. Свесен сум дека има конкуренција во средината на теренот, дека младите играчи се врвни и затоа се во Мадрид. Ние треба да им помогнеме да ги заземат нашите улоги и јас ќе работам напорно да се вратаам во составот“, вели Модриќ.