Шефот на „Рајанер“ Мајкл О’Лири вчера бил гаѓан со кремпити додека стоел покрај картонска фигура на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која имал намера да и ја претстави жалбата на својата компанија.
Во петицијата потпишана од 1,5 милиони луѓе, Рајанер бара да се укине одлуката на ЕУ, која ги спречува авиокомпаниите да летаат над земји чијшто локален персонал за контрола на летање штрајкува, иако тие немаат намера да слетаат таму.
Според Ryanair, оваа забрана за прелетување доведе до откажување и одложување на стотици летови.
Од компанијата на „Х“ напишаа дека во Брисел им посакале „добредојде“ со колачи.