Учесниците на Самитот на Г20 подлени околу Украина и климата

Лидерите на Г20 денеска почнаа да пристигнуваат во Њу Делхи, каде утре и в недела ќе се одржи Самит на Г20, а на дневен ред се војната во Украина, постепено укинување на фосилните горива и реструктурирање на долгот.

Несогласувањата околу некои теми може да го отежне потпишувањето на решавање на прашањата како што се безбедноста на храната, долгот и глобалната соработка во борбата против климатските промени. Се очекува на Самитот да доминираат Западот и неговите сојузници. Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да присуствува на Самитот, а кинеската делегација ќе ја предводи премиерот Ли Кечијанг, додека Русија наместо претседателот Владимир Путин ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Има одредени несогласувања и во однос на соработката во борбата против климатските промени односно земјите-членки на Г20 имаат различни мислења за постепеното намалување на употребата на фосилни горива, зголемувањето на целите за обновливи извори на енергија и намалувањето на емисиите на стакленички гасови.

Земји-членки на Г20 се: Австралија, Аргентина, Бразил, Велика Британија, Германија, Европска Унија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Јужна Африка, Канада, Кина, Мексико, Русија, САД, Саудиска Арабија, Турција и Франција.

Треба да знаете
Последни објави